Боки 13 прегледан од лекар и сместен во хашкото одделение во „Шутка“

За осомничените Бојан Јовановски и Зоран Милевски во истрагата за рекет на Обвинителството за гонење организиран криминал и коупција кои синоќа беа примени во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари се спроведени сите процедури како и кај сите притворени лица, потврди директорот на затворот Есад Рахиќ, за „А1 он“.

Рахиќ потврди дека од синоќа за осомничениот Јовановски биле спроведени потребните процедури и бил прегледан од домскиот лекар. Рахиќ информира дека му биле дадени насоки за прва помош, биле спроведени сите потребни процедури за проценка и бил информиран за процедурите во истражиот затвор. Немало никакви проблеми ниту при спроведувањето на осомничените, ниту при сместувањето во затворот.

Според информациите на А1он, Боки 13 е сместен во хашкото одделение.

Јавното обвинителство вчера соопшти дека ги гони двајцата осомничени затоа што рекетирале познат бизнисмен кој бил под истрага од обвинителство. Рекетот се одвивал на тој начин што првоосомничениот Јовановски од бизнисменот барал, и успеал да добие, пари за да му биде запрена истрагата.

Коментари

Популарно