ФОТО: Беше уапсен со чанта од 20.000 евра

Запленети луксузна и брендирана гардероба, накит, часовници, чанти...Ова е епилогот од претресот во домот на Бојан Јовановски, познат како Боки 13 по неговото апсење како осомничен во случајот „Рекет" за изнуда на пари.

Она што особено привлече внимание е што при апсењето Боки 13 носеше во рацете чанта од 20.000 долари од марката „Хермес". Такви чанти носат холивудските ѕвезди, а чинат вртоглави суми, рачно се изработуваат од кожа од крокодил или јагнешка кожа. За некои се чека и со години.

Боки како човек кој ја следи модата и модните трендови, често објавуваше фотографии на социјалните мрежи токму со скапа и брендирана облека, очила за сонце, чанти, часовници и аксесоари.

За потсетување, на Боки 13 му е одреден 30. дневен притвор, а Судот вчера му ја одби жалбата заедно со на бизнисменот Кичеец кој е второосомничен во случајот за изнуда на пари, кој предизвика бура од реакции.

Коментари

Популарно