ВИДЕО: „Ало, тргни ги овие работи од плажа и излегувај од вода“

Кога некој странец би го слушнал говорот на премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ за земјата како најдобра туристичка дестинација и економски „тигар“ во регионот, секако ќе посака да ја посети земјата.

За жал, ситуацијата е спротивно од тоа. Цените се над просекот, вработените се често нељубезни, како што може да се види на следното видео. Келнер во еден хотел во работна униформа и чорапи им се заканува и ги брка туристите од плажата, меѓу кои има и дете.

„Ало, излегува од вода, ало излегувај од вода“, некултурниот келнер им се обраќа на туристите и додава: „Тргни ги овие работи, тргни го ова“, растерувајќи ги туристите.

Жената на која келнерот ѝ вели да се тргне се слуша дека е Русинка, која на руски вели: „Не допирајте, тоа не е ваше“.

Погледнете:

Коментари

Популарно