Овој хотел нуди бесплатно сместување

Ако ова лето не сакате да уживате покрај плажа и мечтаете за малку поинаков одмор, тогаш ова е текстот за вас.

Патувањата се дефинитивно нешто на што се сеќаваме целиот живот, а доколку истите се на места што досега не сме ги откриле, тогаш уживањето е уште поголемо.

Некогаш едноставно нѝ се потребни барем неколку дена за целосно да ги исчистиме мислите на место каде нема многу бучава и каде целосно можеме да ѝ се предадеме на природата. За ваквите места, најчесто треба да издвоиме поголема сума од нашиот буџет, но пронајдовме еден хотел во Шведска поради кој ќе заштедите многу пари.

Имено, доколку сакате да престојувате во хотелот Белора, нема да платите ништо, а единствениот услов е да не носите мобилен телефон, односно времето поминато со уредот да го сведете на минимум.

Веројатно ова ќе биде тешко бидејќи речиси секој од нас денеска сака да го фотографира секој момент, а доколку се наоѓа на вакво прекрасно место искушението е уште поголемо.

Станува збор за хотел во Гетеборг кој им наплаќа на своите гости зависно од времето поминато на мобилниот телефон, односно секоја една минута чини околу две евра.

Нивната главна цел е со исклучувањето од технологијата, семејствата повторно да можат да се поврзат меѓусебно и да поминат квалитетно задничко време.

Во хотелот има бројни активности, па така никогаш нема да ви биде здодевно, ниту пак да помислите на вашиот телефон и социјалните мрежи.

Пронајдете го хотелот на страните за резервации и закажете го одморот од соништата уште денеска!

Коментари

Популарно