ВИДЕО: Мечки се појавија пред велосипедисти на Шар Планина

Овие двајца момци доживеале едно необично искуство на Шар Планина.

Имено, додека ги возеле своите велосипеди, на само неколку метри од нив се појавуваат две мечки. Тие им го пресекуваат патот, но за среќа не доаѓа до директен судар иако само неколку секунди ги делат од него.

Велосипедистите раскажуваат дека по настанот, поголемата мечка започнала да го следи, но искусните велосипедисти вешто успеале да се извлечат од оваа ситуација.

Погледнете како изгледа средбата со двете мечки!

Коментари

Популарно