Дали кралскиот клуб се „откажува“ од најголемото засилување

Репрезентативецот на Српската репрезентација, Лука Јовиќ, не го убеди тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан дека е подготвен да игра за клубот, јавуваат Шпанските медиуми.

Наводно, младиот напаѓач не ги исполнувал очекувањата на подготвителните игри, па може да биде „даден„ на позајмица.

Порталот Дон Балон пишува дека Јовиќ не гледа негативно во можноста да ја помине следната сезона во клуб каде би имал сигурна минутажа.

Коментари

Популарно