13 годишно девојче почина во несреќен случај во Куманово

Во несреќен случај  кој се случил попладнево во Соколана- Куманово тринаесетгодишно девојче го загуби својот живот, трагедијата настанала кога врз неа паднала статива.

Девојчето, соопштија од полицијата е државјанин на Република Хрватска со привремен престој во државата.

Екипа на Итна помош интервенирала и го однела детето во кумановската болница каде што лекарите се обиделе да го реанимираат, но безупешно. Случајот во полицијата бил пријавен од кумановската болница. 

Коментари

Популарно