Видео: Медведев го „реши“ Ѓоковиќ

102 минути му беа потребни на Данил Медведев за да се врати од работ на поразот и  да успеа да го победи светскиот рекет број 1 и актуелен шампион, Новак Ѓоковиќ, во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати и стигна до второто Мастерс 1000 финале.

Русинот губеше со 6:3/3:2 и 30:40, но ја спаси таа брејк топка, за на крајот по час и 43 минути игра да го победи Србинот со 3:6/6:3/6:3. Светскиот рекет број 8 одигра фантастичен втор и трет сет, во кој не му дозволи на Ѓоковиќ да влезе во ритам и имаше 16 аса, најмногу што дозволил Ѓоковиќ годинава.

– Да бидам искрен не знам како го направив ова. Бев толку уморен во првиот сет, а играв против Новак. Потоа, еден момент во вториот сет го смени ритамот и добив енергија – изјави Медведев.

Ова е негово трето финале во низа откако во Вашингтон загуби од Ник Кирјос, а во Монтреал од Рафаел Надал. Противник вечерва во 22 часот ќе му биде Давид Гофан, кој со 6:3/6:4 го победи Ришар Гаске.

Ѓоковиќ имаше само пофални зборови за својот противник.

-Мислам дека одиграв добар меч. Можеби во третиот сет можев да бидам малку подобар, но кога имаш противник кој сервира со 200 на час и не прави многу грешки, мораш само да му честиташ. Тој одигра фантастичен меч и не можев да направам многу. Данил оди кон топ 5 и дефинитивно е еден од најдобрите тенисери на турнејата. Многу е подобрен од Австралија опен минатата година. Неговиот форхенд е подобар, неговото движење исто така – изјави Ѓоковиќ.

Коментари

Популарно