Видео: Туристи од Шпанија „ќе го паметат“ одморот во Албанија

На Твитер беше објавено видео на кое сопственикот на ресторан во Албанија е снимен од камерите како им се заканува и им го крши автомобилот на турсти од Шпанија.  Тој се обидел да ја отвори вратата од автомобилот во кој биле туристите со намера да ги тепа. Кога не успеал во тоа почнал да ја крши шофершајбната од возилото.

Како што пишуваат медиумите во Албанија, газдата бил бесен што туристите не биле задоволни од храната и одбиле да ја платат.

Коментари

Популарно