ФОТО: Струмичанец на спортска за 200 денари ќарил 12.500 евра

Редовен обложувач од Струмица изминатиот викенд доби вистински џекпот со уплата само од 200 денари. Струмичанецот најде начин како да дојде до добивка од речиси 12.500 евра, односно 765.568 денари и тоа само со осум типувани натпревари. Тајната е во головите, но пред сè, гледал да избегне мечеви од топ 5 лигите во Европа.

Вербата му била во дуели од балканските лиги, во комбинација со уште неколку натпревари од понеквалитетните првенства ширум Стариот Континент. Средбата меѓу Истра и Славен Белупо е единствен гол-гол (ГГ) тип на Струмичанецот, кој му донесе квота од 1.81, додека останатите седум средби се типовите како 4+, 5+ и 6+. Партизан го држел во неизвесност сè до последните минути од дуелот против Рад, кој заврши со 3-0, а токму тоа очекуваше типувачот, Црно-белите трипати да го најдат патот до мрежата.

Oстанатите мечеви завршија точно на граница, односно минималниот број на погодоци кои беа потребни за добивката.

Коментари

Популарно