Сопственичката на „Групер“ е новата министерка за финансии

Нина Ангеловска, сопственичка на платформата Групер, ќе биде предложена за нова министерка за финансии, потврди вечерва премиерот Зоран Заев.

Нејзиното име ќе биде на листата кадровски решенија која тој утре ќе ја достави до Собранието. На списокот ќе биде и кандидатката за заменичка министерка за образование, Елизабета Наумовска која доаѓа на испразнетото место по оставката на Петар Атанасов.

За нов заменик министер за економија пак, ќе биде предложен Кирил Колемишевски.

Коментари

Популарно