Додека ние во Македонија сме преокупирани со политика и криминални афери, во светот вниманието свртено кон најголемата еколошка катастрофа што светот некогаш ја видел.
Шумите на Амазон се еден од најважните делови од Земјата и се одговорни за создавање на 20% од целиот кислород во атмосферата на Земјата.
Попознати се уште како „белите дробови на Земјата,“ па нивното 17-дневно горење се смета за една од најголемите катастрофи во историјата на човештвото.
Еколошките резерви ни се трошат, природата е лута, пламените јазици не се смируваат - на кратко, очигледно вака изгледа крајот на светот.
Јаглеродниот моноксид кој се испушта го затемни цел Сао Паоло, ги блокира сончевите зраци, а во водата и земјата веќе има изгорени, црни честички.
Глетки кои се последен знак за освестување: