ВИДЕО: Жешка Хрватка краде во локали низ Сиднеј

Дваесет и тригодишната Австралијка Моник Агостино која има хрватски корени, во вторникот сама се бранела пред судот во Сиднеј поради обвинението за серијата кражби. Откако светските медиуми ја пренеле веста дека е уапсена, на социјалните мрежи се појавила снимка од една од нејзините кражби.

На снимката направена од сигурносните камери, која ја објавил „9Њуз“ може да се види како таа ограбува еден локал, облечена во црни патналони и јакна, со качкет и маска на лицето.

Моник се товари за две обивања и кражба на имот во вредност од 60 илјади австралиски долари, како и за грабеж во фирма од каде украла вредност помала од 60 илјади австралиски долари.

Агостино пред судот рекла дека не се чувствува виновна.

Сето ова би било обична приказна за ситна кражба, ако на крајот не се испоставели дека Моник е Инстаграм модел и ја следат скоро осум илјади луѓе.

Во опис се преставува како „горда мајка“, „Хрватка/Австралијка“, како и „ловец на таленти“ и „претприемач“.

Коментари

Популарно