КОНЕЧНО: Италијанската Серија А повторно во Македонија - МТВ ќе пренесува мечеви од калчото

Лигата во која играат Пандев, Несторовски и Елмас, ќе биде достапна за сите македонски гледачи, со македонски коментар.

Националната Македонска радио телевизија објави прекрасна вест за љубителите на фудбалот, а тоа е дека сезонава за првпат ќе пренесува натпревари од италијанската Серија А.

Сезонава во Италија ќе настапуваат тројца македонски фудбалери, Горан Пандев во Џенова, Елиф Елмас во Наполи и Илија Несторовски во Удинезе.

МТВ и Аренаспорт се договорија на нашиот национален сервис да се пренесува по еден меч од секое коло од Серија А.

Калчото по неколкугодишна пауза се враќа на програмата на некоја од македонските телевизии со национална концесија за кои не треба да се плаќаат дополнителни давачки. Првиот меч кој ќе оди на националниот канал е пресметката на Интер против Лече закажана за в понеделник од 20.45 часот.

Најавена е можност за пренесување еден меч неделно и од француското првенство во кое го имаме Влатко Стојановски од Ним.

Коментари

Популарно