ВИДЕО: По нејзината постапка плажата била веднаш затворена

Островот Боракај е една од најбараните летни дестинации. Од година во година бројот на туристите расте, меѓутоа после овој инцидент, една од најпопуларните плажи била затворена за јавност.

Мајка од Кина заедно со своето дете влегла во плиткото, па му ја соблекла пелената, му ги измила интимните делови, а потоа валканата пелена ја закопала во песок.

Како што се гледа на снимките, посетителите запрепастено ја гледале мајката која не им обрнувала внимание, ниту своите постапки ги смета за погрешни.

Меѓутоа, како што пишуваат тамошните медиуми, плажата подоцна била затворена за јавност поради нејзино чистење.

Пелената била пронајдена, отстранета, а водата тестирана по што било утврдено дека е безбедна за капење на луѓето.

Она што го направила оваа жена е спротивно на законите, а Бернадет Ромуло од Одделението за животна средина и природни ресурси на Филипините, најавила дека иако снимката е матна, полицијата ќе работи на идентификација на мајката и истата прописно да биде казнета.

Коментари

Популарно