ФОТО: Мајката на шесте деца која стана хит во регионот, чека седмо

Доколку ви се спомене името Марина Данчо речиси нема да ви значи ништо, но доколку ви се спомене дека е мајка на шест деца се ќе ви стане јасно.

Станува збор за жената која стана хит откако се пријави во една српска емисија преку која бараше партнер за склучување брак со него во која откри дека е мајка шест деца, а сопругот ја оставил поради друга.

Таа овие денови повторно е хит откако влезе во реалното шоу „Задруга 3“ во кое откри дека е повторно бремена со нејзиното седмо дете кое ќе се вика Мичко.

Таа во моментов е во шестиот месец од бременоста и се очекува да се породи во декември.

-Сето ова го правам за моите деца, а најмногу за Мичко. Терминот за породување ми е на Свети Никола, вели таа откривајќи дека носи момче.

Инаку, таа би можела да се породи додека се уште е во реалното шоу, а таткото на детето е нејзин партнер веќе неколку месеци, но не сакаше да го открие во јавноста.

Коментари

Популарно