Претжено сончево време

Овој викенд нашата територија ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок и на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ.

Времето претежно ќе биде сончево со повремено засилен северен ветер најизразен долж Повардарието. Максималните дневни температури на водухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени. Во Скопје и околината температура  до 30 степени.

Позначителна промена на времето ќе започне некаде од средината на следната недела, кога очекуваме зголемување на облачноста, а условите за врнежи ќе почнат да растат.

Коментари

Популарно