Прекумерната употреба на сол предизвикува различни болести, а еве и кои!

Група лекари од целиот свет бараат да бидат превземени итни мерки за да се предупредат луѓето за опасностите од прекумерна употреба на сол.

Тие веруваат дека кујнската сол во продавниците треба да има етикета слична на онаа што се наоѓа на кутиите цигари. Треба да се каже „ограничена употреба“ и „прекумерно внесување на натриум предизвикува висок крвен притисок и го зголемува ризикот од рак на желудник, мозочен удар, срцеви и бубрежни заболувања“. Тие додаваат дека ова предупредување би можело да спаси милиони животи.

Нездравата исхрана е водечка причина за смрт на глобално ниво. Преголемата употреба на сол е најголемиот виновник, а се проценува дека има однесено повеќе од три милиони животи во 2018 година. Светската здравствена организација постави цел земјите да го намалат внесот на натриум за 30 проценти до 2025 година.

Коментари

Популарно