Стоилов ќе дебитира сезонава против „зебрите“ на Јиха

Eвропскиот првак ќе се обиде да ја впише четвртата победа во Лигата на шампионите посилен за капитенот Стојанче Стоилов. На техничкиот состанок утрово, Вардар го пријави кружниот напаѓач за натпреварот со бундеслигашот Кил. 

Давид Писонеро е без повредениот Толедо, а сите останати ракометари се максимално подготвени. Победникот на ЕХФ Купот и светскиот вицешампион Кил доаѓа во комплетен состав и во налет по добриот бундеслигашки старт.

Двете екипи во Лигата на шампионите се непоразени. 

Официјални состави на натпреварот Вардар - Кил: 

Коментари

Популарно