ФОТО: Поранешната сопруга на Даниел Кајмакоски нè претставува на „Miss Globe 2019“

Кристина Димитриевска е нашата претставничка на „Miss Globe 2019“. Поранешната сопруга на Даниел Кајмакоски моментално престојува во Албанија, каде оваа година ќе се одржи натпреварот за убавина.

Подготовките се веќе започнати и 60-те убавици се претставуваат пред светот во националните костими.

Погледнете како изгледа 23-годишната македонска манекенка:

Кристина постојано споделува фотографии од дружбите со останатите убавици.

Големото финале на натпреварот за убавина ќе се одржи на 21 октомври.

Кристина и Даниел објавија дека се разведуваат во мај оваа година. Тие заедно имаат едно дете.

Во 2014 година, Кристина победи на изборот за „Новогодишна убавица на Балканот“.

Инаку, Кристина решена да заплови во музичките води и да му стане конкуренција на поранешниот.

Во тригодишниот брак со Даниел веројатно поднаучи нешто за естрадата, па така мотивирана реши да ја сними својата прва песна која е насловена „Сакам пак“.

Иако додека беше во брак, Кристина апсолутно се огради од социјалните мрежи и беше понастрана од очите на јавноста, сега во турбо ритам ги покажува своите амбиции.

Отвори нов профил на Инстаграм, продолжи со манекенството, стана и фитнес инструкторка, а сега ја чека и пејачка кариера.

Таа на својот профил на споменатата социјална мрежа е и повеќе од активна, а во најновите објави сподели неколку фотографии од снимањето на песната во студио, како и сцени од спотот кој треба да излезе наскоро.

Облечена во провокативна тоалета со висок шлиц и без гаќички, Кристина уште на старт најави дека ќе „удри“ на сек*апил.

Знаеме дека е атрактивна и ќе плени со стас, но како ќе се покаже со глас, останува да видиме.

Коментари

Популарно