По две години во врска , моделот Деми Роуз раскина со ДиЏејот Крис Мартинез. „За жал, Деми и Крис тргнаа по различни патишта. Тие ја завршија врската како пријатели и ќе продолжат да се поддржуваат еден со друг.
Деми во моментов е соло и е посветена на нејзината кариера“, откри нејзиниот претставник за медиуми. Се чини дека убавата Деми не страда многу по раскинувањето, бидејќи весело се насмевнува на новите фотографии што ги објави на Инстаграм, позирајќи во бикини , кое повеќе открива отколку што прикрива.