Полицијата пронашла семејство кое 9 години живеело во подрум

Полицијата, која дошла на повик, пронашла 7 члено семејство заклучени во подрум на изолирана фарма во близина на селото Руинерволд во провинцијата Дренте, на северот на Холандија.

Според нив, пронајдени се шест млади луѓе на возраст меѓу 18 и 25 години и нивниот заболен татко, кои во последните девет години немале никаков контакт со надворешниот свет и чекале да дојде крајот на светот.

Педесет и осумгодишниот маж бил уапсен на фармата, но неговата улога во целиот случај сè уште не е позната.

– Колку што знаеме, нивната мајка починала пред да дојдат на фармата. Полицијата откри импровизирани простории во кои живееше семејството, рекоа официјалните лица.

Сепак, не се исклучува можност мајката да е убиена и закопана во дворот.

Семејството било  пронајдено откако еден од младите мажи (25) избегал и побарал помош од блиското кафе. Тој бил запуштен со долга коса и рекол дека не одел во училиште.

Коментари

Популарно