Докторка херој во целиот регион: Мајка на раце го донела бебето клинички мртво, а потоа лекарката успеала да го спаси

Црногорската јавност е воодушевена од докторка педијатар, Алма Хајдарпашиќ Дресевиќ, откако мајка на една пациентка на фејсбук објави драматична случка.

„Во четвртокот навечер, контролниот преглед на мојата ќерка го прекина една уплакана мајка носејќи го во рацете едногодишното дете кое не даваше знаци на живот.

Детето се загушило додека си играло и беше клиничи мртво- не дишеше ниту имаше отчукување на срцето. Доктроката очајнички се обидуваше да го извади страното тело од грлото на детето и на крајот успеа. Сама постапи, направи реанимација и масажа на срцето и вештачко дишење, метод уста на уста иако на детето му беа крвави усните, домот немаше друг начин за да се направи тоа“ напишала мајка која била сведок на целата случка.

Таа истакнала дека само благодарение на присебноста на докторката го спасило детето.

„Итната помош стигна неколку минути подоцна и го одведе детето на интензивна, а сега дознавме дека детето е во стабилна состојба.Сепак не знаеме дали ќе има некоја последица пради времето кое остана без кислород. Пофалби за совршениот педијатар, за ова не пишаа ни родителите, ниту докторите, па почувствував потреба да го споделам овој надчовечки подвиг“ напишала мајката.

Нешто подоцна се огласила и докторката.

„Дете од година и пет месеци проголтало шаховска фигура. Детето веќе беше мртво, немав многу време да размислувам. Само мислев како да го извадам страното тело кое беше заглавено во неговото грло, секоја секунда беше драгоцена. За среќа успеав. Кога го извадив морав да направам реанимација, уста на уста и масажа на срцето. После две реанимаци, слушнав отчукување на срце.Кога го направив и третиот циклус на реанимација морав да продолжам бдејќи иако имаше срцева реакција, детето не дишеше“ раскажала докторката.

Откако четири пари му давала вештачко дишење, детето почнало да дише па почнало да плаче.

„Во тој момент знаев дека детето е спасено.Итната помошвеќе беше на пат, срцето работеше, а  детето дишеше.Мислев дека можеби ќе биде на респиратори.Добив информација дека детето во средата било отпуштено од болница. Најголемо задоволство во животото ми е дека детето преживеа“ рекла докторката.

Коментари

Популарно