ВИДЕО: Пронајден најстариот бисер на островот Марава

Министерството за култура и туризам на Абу Даби објави дека го откри најстариот познат природен бисер на светот при ископување на островот Марава, во главниот град на Обединетите Арапски Емирати.

Бисерот е откриен помеѓу рушевините на населбата од камено време, пренесува Deutsche Welle.

Бисерот е стар најмалку 8.000 години, што е доказ дека трговијата на бисерите постоела барем од времето на неолитот.

Истражувачите сугерираа дека тогашните луѓе тргувале со грнчарство и друга стока во Месопотамија, древната цивилизација која ги опфаќа денешните делови на Сирија, Ирак и Иран.

Во текот на 19. век и почетокот на 20. век Обединетите Арапските Емирати биле под контрола на различни колонијални сили, трговијата на бисерите беше главен фактор за развој на економијата на тие подрачја.

Бисерот ќе биде изложен во Лувр во Абу Даби.

Коментари

Популарно