ВИДЕО: Озонската дупка е помала од кога било

Озонската дупка на обвивка околу планетата Земја е помала од кога било, но тоа се должи на невообичаено топлото време, а не на подобрување на еколошките параметри, откриваат од НАСА.

Како што соопштија од американската вселенска агенција, озонската дупка над Антартикот се смалила на најмал обем од времето кога првпат е откриена во осумдесеттите години под минатиот век. Тоа е значително подобрување на состојбата на озонската обвивка околу Земјата, којашто ја штити планетата од потенцијално опасното ултравиолетово зрачење, коешто може да предизвика рак на кожата, катаркта, го уништува имунолошкиот систем кај луѓето, а им наштетува и на растенијата.

Ова е голема вест за озонот на јужната хемисфера – изјави Пол Њумен, шеф на научната група на НАСА за истражување на Земјата.

Најголемата дупка во озонската обвивка е измерена во 2001 година, кога изнесуваше 11,5 квадратни милји. Оваа година, најголемата површина што ја имаше дупката изнесуваше 6,3 милиони квадратни милји, додека сегашната состојба изнесува 3,9 квадратни милји.

Коментари

Популарно