Европскиот парламент денеска ќе и се извинува на Македонија

Европскиот Парламент денеска во Стразбур повторно ќе побара отворање на преговорите за членство со ЕУ за Македонија и Албанија, а дебатата ќе се одржи попладнево.

Денеска на дневен ред на пленарна седница треба да стави вонредна резолуција со која ќе се изјасни дека Скопје и Тирана треба да ги започнат пристапните преговори со Унијата.

Вонредната резолуција доаѓа откако ЕУ не успеа да постигне консензус на последниот самит, пред сѐ поради противењето на Франција.

Предвидено е ЕП да изрази жалење поради одлуката на земјите членки да го блокираат стартот на преговори со двете земји. Во верзијата на Социјалдемократската група се критикува „улогата на претседателот на Франција и други земји членки во овој поглед”.

Пратениците се очекува да им посочат на земјите членки дека Советот треба да понесе одговорност за одлуката, да се однесува согласно сопствените заложби и да се држи до принципот на сопствени заслуги во оценувањето на земјите кандидати.

Предложените амандмани предвидуваат да ја поздрават „одлучноста на Северна Македонија да продолжи да напредува во реформската ЕУ агенда” како и силно да ја пофали „позитивна дипломатија на Северна Македонија”, посебно во однос на билатералните договори со Грција и Бугарија. 

За ова прашање се очекува повторно да се разговара во Рим во ноември, а одлуката да биде преиспитана следната година во мај на Самитот во Загреб.

Коментари

Популарно