Фото: Туристи спасија куче од Охридско езеро

Жител на Охрид на својот ФБ профил објави дека викендов двајца туристи  од Охридското езеро  спасувале мало куче кое било „фрлено“ во езерските води.

Очевидцот напиша: „Додека некој ги труе, чест на ваквите луѓе кои го извадија кучето од езерото... и јас трчав да помогнам, но овие двајца луѓе беа побрзи од мене. Загрижени што кучето нема од каде да се качи на аовој дел од кејот легнаа на земи, не им пречеше што врнеше и го спасија.

Еден од луѓето беше турист, Србин. 

А тој што го шутна кучето в езеро (да, го видов чинот) не знам“

Коментари

Популарно