Опозицијата бара одговорност за патните табли во Куманово

 На денешната собраниска комисија за образование пратеникот од  редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија истакна „дека иако барале на комисијата да биде присутна заменичката министерка за образование, сепак таа во 5 дена не успеала да најде 5 минути и да присуствува“.

-Имавме реакци во нашето во нашето барање за надополнување на дневниот ред со донесување на заклучоци. Во Република Македонија се случува хаос. Како да знаевме во четвртокот кога баравме информација дека треба да се почитуваат Уставот и законите. Видовте што се случи во Куманово со патните знаци. Дојдовме до тоа дереџе македонскиот јазик и кириличното писмо што е со Устав пропишано во Република Македонија да не се почитува. Гледате дека на таблите во Куманово, во населените места топонимите за синонимите се само на латиница. До каде ќе оди ова лудило и зошто никој не реагира, укажа пратеникот.

Тој во своето обраќање посочи дек тој лично за ова реагирал до министерот за транспорт и врски и до функционери во СДСМ

-Дали треба со транспаренти ние како членови на комисијата на ВМРО-ДПМНЕ за образование да одиме пред министерство и да го бараме нејзиното присуство, запраша пратеникот.

Имено Стевананџија додаде дека македонскиот јазик не се почитува и побара да му се даде одговор за тоа кои ги поставил топонимите во Куманово, кој ќе поднесе одговорност.

Коментари

Популарно