Ивица Коневски демантира дека ќе учествува во формирање на нова политичка партија

Деновиве се појавија дека наводно  на повидок е нова партија која ќе ја формира ни помалку ни повеќе екс поранешениот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија, Сашо Мијалков.

Во врска со тоа на својот ФБ профил се огласи Ивица Коневски тој напиша:

„Постојат многу шпекулации во јавноста дека учествувам во формирање на некоја нова политичка партија. На креаторите на овие информации сакам да им порачам дека за мене постои само една партија, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ. 

Знам дека тоа на некои луѓе не им одговара, но тие треба да разберат дека тоа што јас и дел од раководството на партијата можеби имаме различно мислење за одредени прашања е секако здраво за зајакнување на демократските капацитети на ВМРО-ДПМНЕ.

Сметам дека сите ние заедно имаме само една цел, а тоа е Македонија да оди напред.

Само со сплотени сили и конструктивен пристап можеме да победиме на претстојните избори. 

А, на оние што посакуваат раскол во нашите редови уште еднаш им испраќам порака дека секогаш сум работел и ќе продолжам да работам единствено на обединување и победа на ВМРО-ДПМНЕ и на ништо друго.“

Коментари

Популарно