Видео: Таа откри како ја освоил Сашо Мијалков

Во интервју за естрадниот магазин Бекстејџ  сопругата на Сашо Мијалков , Александра Мијалкова раскажува за бракот со поранешниот прв човек на УБК. Таа открива каков е тој како сопруг и вели дека е доста романтичен.

На прашањето со што нејзиниот сопруг успеал да ја освои, Александра вели дека “виновникот” е токму неговиот шарм:

“Ме освои со неговиот шарм и харизма што ја има. Излегувавме и се дружевме заедно, ми беше убаво”.

Во интервјуто се сеќава на еден драг момент, можеби и клучниот со кој Сашо Мијалков го заробил нејзиното срце.

Александра зборува за букетот и телеграмата кои Сашо ги испратил директно од Прага за да ја изненади на сцената, кога таа имала само 18 години:

“На крајот од претставата кога се поклонувавме, тој не беше тука бидејќи студираше во Прага во тоа време, јас добив букет и телеграма за кои не очекував дека се од него. Подоцна кога ја отворив телеграмата, помислив дека е од некој друг, но кога видов дека е од него, многу се израдував – тоа беше прекрасно чувство”, вели Александра.

Таа за сопругот вели дека е многу романтичен, иако не личи на таков човек:

“Таква беше неговата професија, но надворешниот лик не е тоа што кажува какви се луѓето”.

Во интервјуто за Бекстејџ Ана открива како успева да се избори со секојдневието, како ги балансира работите, за посветеноста на балетот и за тајната на долгата и успешна врска. Во продолжение.

Коментари

Популарно