Фото: Дали е таа новата љубов на Стефан- „Некст тајм“?

Изминативе денови во фокусот на македонската јавна сцена е љубовниот живот на пејачот од дуото „Некст тајм“, Стефан Филиповски. За тоа е „виновник“ естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“  кој наведува  дека Стефан е наводно е во врска со манекенката Маја Ристеска.

По оваа шпекулација, Стефан и Маја не се огласија со демант или потврда, а приказната остана само на претпоставки дека тие се новата позната македонска двојка.

Неколку дена подоцна, Стефан како да сакаше да ги подгрее ваквите информации или дискретно преку социјалните мрежи да потврди дека помеѓу него и Маја навистина се родила љубов.

Имено, тој на својот Инстаграм „стори“ објави фотографија во домашен амбиент со фокус во ТВ приментикот на кој во моментот се емитува спот во кој Маја има улога.

Коментари

Популарно