Подготвувајте се ќе се одржи „Ракија Фест“

Според најавите на 29, 30 ноември и 01 декември, со почеток во 18.00 часот напладне, за првпат ќе се одржи „Ракија Фест“ на плоштадот Мајка Тереза (кај платото пред Македонска Опера и Балет).

Се подготвува тридневна прослава со нашиот омилен традиционален пијалок – ракија, добро традиционално мезе и секако, добар музички асортиман.

За време на фестивалот ќе има посебни штандови на кои ќе бидат презентирани голем секаков вид на ракија.

Наскоро ќе биде објавена и целосната програма на музички артисти кои ќе настапат за време на „Ракија Фест“, а меѓу нив ќе го видиме и популарниот Владо Јаневски.

Коментари

Популарно