Таа раскажа за времето кога се снимаше Камионџии

Весна Змијанац открила дека плачела на едно снимање, длабоко незадоволна од ситуацијата во која се нашла,од периодот на снимање на „Камионџии“.

„Само знам дека го преплакав тоа снимање“, започна пејачката.

Тие ја сакаа Кадивка како вистинска пејачка во кафеана, а јас бев убава, млада, згодна, рокерка во душата и тие ме направија страшна. Главата како да ми беше монтирана, имав некоја огромна пунџа, тигрест фустан… Снимаме ние така, снимаме и во еден момент траба јас да седнам некому во скут, а кога се погледнав во огледало почнав да плачам, не можев да се смирам, раскажа Весна за своето непријатно искуство од снимањето.

Пејачка периодов открива доста детали од своето минато, а проговори и за врската што ја имала со Драган Стојковиќ Босанац.

Коментари

Популарно