Видео: Тие не го заборавија својот трагично зaгинaт другар

После една година од трагичниот настан   во кој на пешачки премин беше прегазен ученикот Седат Мустафа, во  дворот на училиштето  „Коле Нехтенин“ во Штип , неговите соученици , засдија дрво. Емоциите денес беа нагласено присутни кај сите, а поготово кај оние што со него ја делеа училницата и клупите.

„9 часот и 5 минути училишното ѕвонче го означи почетокот на школскиот одмор и крајот на еден млад живот каде брзаш човеку и подолу има пешачки премин“

Чинот на сеќавање со учениците го сподели и Првиот човек на реномираното  училиште  Дејан  Павлов.

„Во чест на прерано згаснатиот живот ќе засидеме дрво кое ќе биде симбол да во иднина пазат сите возачи и да посакаме во иднина никогаш да не се случуваат вакви настани“ изјави  Дејан Павлов, дир. на СОУ „Коле Нехтенин“ – Штип

Овој трагичен момент, конечно го реши безбедносниот појас   на најризичниот училишен премин во Штип каде досега имаше безброј несреки.

„Зголемена е безбедноста пред училиштето со изградбата на кружниот тек а ќе се поставува и ограда пред училиштето“ изјави Дејан Павлов, дир. на СОУ „Коле Нехтенин“ – Штип

Трагедијата на семејството Седат од штипско Радање  комплетно го смени живоото во нивниот дом. Тие одбележуваат една година откако среката од нивнниот дом и го отстатпи местото на  жалоста.

„Многу тешко не знам како да ви опшишам, полошо нема, не м ожам да да спијам“ изјави Мазлим Мустафа, татко на Седат

Во мегувреме, возачот кој  ја предизвика несреката  неправосилно е осуден на 5,5 години затвор. Казна, која семејството повеке ги иритира отколку теши.

„Најмалку 15 години треба да се осуди а не  5,5 години но сепак ни една казна не може да го врати детето“  изјави Мазлим Мустафа, татко на Седат

За потсетување,  откако беше прегазен  на пешачки премин за време на големиот училишен одмор 15 годишниот Мустафа Седат  15 дема се бореше  за живот и беше во кома. Смртта по него дојде на 21 ноември  пред една година.

Коментари

Популарно