Видео:Притвор за негователката која го тепаше малото дете

Денеска јавноста беше вознемирена од видеото објавено на социјалните мрежи на кое една жена го тепаше детето во игротеке. После извршената истрага беше констатирано дека таа била негователка, која за 500 евра месечно се грижела за 3 дечиња.

Од МВР изјавуваат  дека дадилката е уапсена.

-Утврдено е дека станува збор за негователка која била ангажирана да го чува детето. Негователката е приведена и известен е Јавен обвинител за натамошна постапка. Инцидентот е пријавен од страна на сопственик на  угостителски објект. Тој околу 11:00 часот при проверка на безбедносните камери на угостителскиот објект, забележал како женско лице во игротеката физички малтретира дете, велат оттаму.

Од МВР додаваат дека известен е и Центарот за социјални работи.

Сличен случај на физичко насилство од страна на дадилка имаше пред неколку години. Шеесетгодишната дадилка беше осудена на 14 месеци затвор за сторено кривично дело „запуштање и малтртирање на дете“.

Коментари

Популарно