ВИДЕО: Сораја славеше роденден, летаа пари на сите страни

Александра Младеновиќ пееше на прославата за 33. роденден на Сораја Вучелиќ во Виена, а следбениците веќе со деновите гледаат интересни снимки од овој настан каде бакшишот е во прв план.

Имено, на снимките се гледа како пејачката во една рака го држи микрофонот, а на другата многу пари, кои е тешко да се пребројат.

Некогашната „Ѕвезда на Гранд“ одлучи да проговори и за она што сите ги интересира, па потврдила дека добила околу 5.000 евра бакшиш.

-Вистина е, бакшишот беше добар, но не ми е тоа на прво место. Се поделив со музичарите и битно е што добро си поминавме и дека сите заминаа задоволни - рекла Александра.

Коментари

Популарно