Видео: Кумата направи хаос

Една невеста беше шокирана кога друга жена влезе на нејзината свадба и започна да вика „запрете ја свадбата, требаше да бидам јас“!

Стејси Овен (29) доживеа шок кога за време на нејзиниот најубав ден од животот, друга жена влезе на свадбата и почна да вика „запрете ја свадбата, требаше да сум јас“, а потоа  започна младоженецот да го удира со букет по главата!

Невестата се зачуди од она што се случуваше и во прво време помисли дека станува збор за луда поранешна девојка на нејзиниот сопруг, а потоа се откри за што навистина станува збор.

Поточно, станува збор за шега која  на невестата  и ја приреди нејзината кума, а жената облечена во венчаница не била поранешна девојка на нејзиниот сопруг, туку професионален комичар.

Кумата откри дека таа шега ја подготвувала пет месеци и дека сите гости мислеле дека станува збор за поранешна девојка на зетот.

- Мојот партнер во почетокот беше преплашен. Го танцувавме нашиот прв танц, а светлата беа темни и не го видовме лицето. Мислев дека тоа е една од неговите поранешни девојки. Но, тогаш се запалија светлата и го видов нејзиното лице, ја препознав веднаш - рече Стејси на крајот, пренесува Дејли Меил.

Коментари

Популарно