Таа веќе долги години се бори со ракот на кој не му се предава

Актерката Оливија Њутн Џон во ноември ја продаде и мораше да се “раздели” од својата сакана кожна јакна од филмот “Брилијантин” која го одбележа нејзиниот лик Сенди, но сега во ормарот таа повторно го поседува омиленото парче облека.

Имено, купувачот кој на аукција минатиот месец ја купил црната кожна јакна, одлучил да ѝ ја врати на Оливија. 

Таа веќе долги години се бори со ракот на кој не му се предава, а во ноември минатата година, опасната болест повторно се вратила по трет пат. Тогаш актерката раскажала дека не сака да знае уште колку време ѝ преостанува и дека шансите за лекување се мали. Поради тоа, Њутн Џон кон почетокот на ноември одлучила да организира аукција на која ќе продава предмети од својата долгогодишна кариера за да собере пари за лекување од ракот. На аукцијата, помеѓу 500-те одбрани предмети се нашла и кожната јакна која таа ја носеше во “Брилијантин”, а нејзината почетна цена била 200.000 долари.

“Воопшто не сум тажна и ќе се разделам од тие работи. Тоа се само предмети и се обидувам да не се врзувам за нив. Ќе ги задржам во сеќавањето убавите спомени и фотографиите”, изјавила актерката во таа прилика.

Но, анонимниот купувач ја развеселил 71-годишната Оливија така што ѝ ја подарил назад нејзината јакна и донирал дополнителни 185.000 фунти во центарот за лекување на рак во Австралија, кој таа го отворила во 1992 година кога за првпат ѝ бил дијагностициран рак на дојка.

“Јакната не би требало да биде во ормарот на некој милијардер кој само би се фалел со неа”, изјавил купувачот.

Инаку, јакната и црните панталони кои Оливија ги носеше во текот на дуетот со Траволта во песната “You’re The One That I Want” се продавале посебно, достигнувајќи двојно повисока цена од очекуваната.

Коментари

Популарно