Cкaндaлозна oдлyкa на Бугарската Академија на науките – Македонскиот прогласен за нeпостоечки јазик

По вчерашната седница во Софија, Бугарската академија на науките се огласи со став дека македонскиот јазик не постои и оти тој е „писмено-регионална норма“ на бугарскиот јазик. Македонската позиција е лажна, велат од БАН.

Како што јавува сајтот на Дојче Веле на македонски јазик, на пладневната седница донесе одлука, која очигледно ја следи насоката на бугарскиот политички врв – дека македонскиот јазик е бугарски дијалект.

Бугарската Академија на Науките воопшто не се ни труди и да негира дека нивниот денешен став е „реакција“ на т.н. декларација на Бугарскиот врв која беше претставена на почетокот на Октомври годинава, во кој Бугарската Влада директно го негираше постоењето на македонскиот јазик и инсистираше на историска амнезија на нашите граѓани, тврдејќи дека тие никогаш не биле фашистички окупатори во Македонија.

Но јавноста се прашува која е црвената линија на нашата Влада, за да конечно конкретно и директно реагира на овие дрски провокации на соседите, кои буквално вршат политичко „силување“ на нашата колективна меморија и национални факти?

Коментари

Популарно