Речиси е сигурно дека нема преживеани

Остатоците од воениот авион биле пронајдени 30 километри јужно од местото каде што авионот последен пат имал контакт со контролата на летот, соопштија чилеанските воздушни сили. Од таму додадоа дека пронајдените делови се однесени на анализа со цел да се утврди дали му припаѓаат на авионот "C-130".

Воздушните сили на Чиле соопштија дека ги лоцирале остатоците за кои веруваат дека се од срушениот транспортен воен авион кој оваа седмица се сруши во морето помеѓу Јужна Америка и Антарктикот.

Од бразилското Министерство за одбрана исто така соопштија дека еден од нивните бродови пронашол лични работи и остатоци кои најверојатно се на чилеанскиот авион и тоа на 500 километри од градот Ушуаи во Патагонија.

Транспортниот авион на чилеанското воено воздухопловство кој леташе кон база на Антарктикот исчезна во понеделникот навечер на околу час и половина по полетувањето. Засега не е познато која би можела да биде причината за падот на авионот.

„Ќе ја продолжиме потрагата и се надеваме на подобри резултати“, изјави првиот човек на чилеанските воздушни сили, Едуардо Москеира.

Коментари

Популарно