Младенци од САД кои исчезнаа после ерупцијата на вукланот во Нов Зеланд, се пронајдени

Младенци од САД, Вирџинија, кои исчезнаа после ерупцијата на вукланот во Нов Зеланд, се пронајдени. Мет и Лорен Ареј се пренесени со хеликоптер во болница поради изгореници со кои се здобиле.

Мајката на Лорен рекал дека се нема слушнато со ќерката и зетот откако Мет оставил морничава говорна порака дека се тешко повредени. Тие се сместени во две различни болници, Лорен со 20 проценти изгореници на нејзиното тело, а Мет со 80 проценти изгореници на телото.

Мет се јавил на својата мајка пред да исчезнат тој и неговата сопруга и рекол дека се случило ерупција на вукланот и дека се многу изгорени, пренесува магазинот „Пипл“.

„Ми рече дека ќе се обиде да се јави, но телефонирањето беше отежнато. Неговите раце беа толку изгорени па не можеше ништо да прави.Чуствувам дека треба да плачам но не можам“ рекла мајката на Мет.

Таа вели дека парот не бил загрижен иако имало предупредување дека има „умерена вулканска активност“.

„Лорен рече да одат до вулканот, а мојот сопруг се пошегува и рече дека се надева дека не е активен“ рекла Берхам и додала дека „побелела“ од страв кога слушнала за алармот.

„Имаше предуперувања, мојот зет никогаш немаше да оди на излет ако знаеше дека постои шанса да се повредат'

Мајките на Мет и Лорен  ќе одат во Нов Зеланд за да бидат со своите деца.

Арејови се помеѓу 47 лица повредени на Белиот остров за време на ерупција на вулканот.

Најмалку 8 лица загинале, а по уште 8 се трага. Хоспитализирани се 31 лице, а три се веќе пуштени на домашно лекување.

Полицијата смета дека веќе нема преживеани на островот.

Белиот остров, познат и како Вакари, е најактивниот вулкан на Нов Зеланд. Еруптираше во 2016, 2012 година, исто така, од декември 1975-септември 2000 година, што беше најдолгата ерупција во историјата, пренесува GeoNet. И покрај вулканската активност, Вајт островот го посетуваат повеќе од 10,000 луѓе годишно.

Коментари

Популарно