ФОТО: Чизмите на Меланија се најмодерен модел сезонава

Меланија Трамп е синоним за добар стил, а скоро и да немала ниту еден моден кикс откако стана прва дама на Америка.

Затоа и не е чудо што секогаш нѐ воодушевува со изгледот, па исклучок не било ниту хуманитарното дружење во воената база во Вашингтон.

Убавата Словенка ја поддржала организацијата која произведува и доделува играчки за деца на кои им е тоа потребно, а за таа прилика блеснала во леганно, но и непретенциозно издание, кое лесно може да се ископира со оглед на тоа дека искомбинирала неколку основни парчиња.

Меланија ја вклопила топлата бела волнена ролка со Гучи здолниште во крем боја, но и со тенок црвен ремен со кој го истакнала виткиот струк.

Но, ѕвезди на нејзината комбинација биле црвените кожни чизми до колена со дебела и стабилна потпетица, како инаку се најмодерни оваа сезона, велат модните експерти.

Коментари

Популарно