ФОТО: Босите нозе не ја спречија да победи во трките на 400 метри, 800 метри и 1500 метри.

Реа Булос ги направила патиките од фластери на нозете, но тоа не ја спречи да освои три златни медали, а нејзината приказна брзо стана вирална на социјалните мрежи.

Булос во своите ,,патики” доминираше Iloilo Schools Sports Council Meet, каде освои три златни медали . Таа беше прва во трките на 400 метри, 800 метри и 1500 метри.

Фотографиите од нејзините нозе и „Nike running shoes“ брзо се раширија низ социјалните мрежи и стигнаа до селекторот на професионалниот тим на Филипините.

 Џеф Каријасо, тренер на кошаркарскиот тим на Алјаска Ајс, објави на Твитер за девојчето и ги замоли своите следбеници да му дадат контакт со  младата атлетичарка.

За помалку од два часа, Каријасо ги доби деталите што ги бараше и ја контактираше Реа и нејзиниот тим, а многу други на социјалните мрежи изразија желба да и помогнат на девојчето.

Коментари

Популарно