7-годишната Џесика од Велика Британија стана хероина откако ја спаси својата мајка, пружајќи и прва помош.
Во моментите кога се одвивала драма, таа на својата мајка, која добила напад и паднала на земја и се доближила и и истурила чаша вода на лицето за да се освести.
Потоа девојчето почнало со давање прва помош.
Кога се обидела да ја добие Итната помош, сфатила дека и треба отисок од прстот на мајката и некако успеала да го отклучи телефонот.
„Кога се освестив, ги видов лекарите околу себе и Џесика беше испаничена. Толку сум горда, таа е едно храбро девојче. Знам дека тоа беше стресно за неа, но успеа да ме спаси“, рече мајката.
Подоцна во болницата, откриено е дека мајката на Џесика, Беки има епилепсија.
„Ја прашав: ’Како знаеше што треба да направиш?’“ - раскажа Беки.
“Таа ми рече: ’Видов како некој тоа го направи на ЈуТјуб’. Уште не можам да верувам дека го направи тоа“, рече нејзината мајка.
Џесика доби награда за храброст од училиштето, и сака да стане лекари или медициснка сестра кога ќе порасне.