Видео: Не мора да бидете големи за да бидете голем херој

Иако настанот се случи пред неколку години, сепак да потсетиме на хуманоста на децата и фактот дека не мора да бидете големи за да бидете голем херој.

Ова го покажа храброто 11-годишно момче од Бразил,  Jean Fernandes , тој го загрози сопствениот живот за да му помогне на кучекое беше  удрено од автомобил во градот Итајаи.

Повреденото куче останало на патот, откако возачот кој го удрил, наводно, само продолжил да вози. Момчето  истрчало меѓу возилата во движење, го зело беспомошното куче и го  однесло на безбедно место.

Неговата мајка Рубија  изјавила дека нејзиниот син ги сака животни и дека им помага на напуштените и  на злоупотребуваните.

Настанот предизвика пофалби за момчето откако бразилската Агенција за права на животните објави приказна за целиот случај.

Коментари

Популарно