ФОТО: Кејт Мидлтон облекла фустан од 1.200 денари

Велика Британија и натаму ја тресе аферата „Мегзит“, но животот на кралското семејство полека продолжува, и тие се враќаат на своите обврски и должности.

Така, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, која цело време се држела на страна, вчера го посетија Бредфорд, а за оваа прилика војвотката од Кембриџ облече фантастичен зимски аутфит.

Имено, убавата 38-годшна војвотка изгледала многу елегантно, а а сепак деловно во комбинација во која на најдобар начин ги споила елегантното и удобното.

Кејт под долгиот зелен капут од брендот Alexander McQueen носела кариран фустан со машна околу вратот, кој бил на попуст и чинел 1.200 денари!

Како ви се допаѓа нејзината комбинација?

Коментари

Популарно