Почина повредената жена, сопругот и 10-годишната внука во болница

38-годишната кавадарчанка која беше најтешко повредена во утринската сообраќајна несреќа на автопатот Велес-Скопје, попладнево почина на клиниката КАРИЛ во Скопје.

Од „Телма“ пишуваат дека лекарите на клиниката неколку часа ја држеле под надзор поради сериозните повреди на главата, но не успеале да ја спасат.

Сопругот на загинатата е исто така меѓу повредените и заедно со 10-годишната внука е префрлен во велешката болница каде се задржани. Тројца патувале во исто возило кое било трето воверижниот судар на автопатот. Нивното возило удрило во камиончето кое застанало за да го избегне извртеното БМВ.

Девојчето се возело со своите роднини кон Скопје, а родителите на повреденото дете биле неколку возила поназад и во живо ја гледале трагичната несреќа. Никој од кавадрчаните во другото возило не бил повреден и учествувале во давањето помош на настраданите.

Во несреќата, покрај загинатата жена,  повредени се уште 4 луѓе, покрај сопругот и внуката на починатата, жител на Прилеп сам се пријавил во скопските клиники, а уште еден велешанец подоцна поради болки е примен во болницата во Велес.

Коментари

Популарно