На „Преспав“ му дојде крајот, а еве го и нивниот одговор на барањето за 5-та сезона

Со 20-та епизода насловена „Лицитација“, заврши и 4-та сезона на македонскиот ситком „Преспав“.

Во последната и доста возбудлива епизода, пансионот пропадна поради неплатениот кредит на Миле, па се случи лицитација на која присутните наддавачи, а и гледачите се шокираа од спасителот кој понуди милион евра да го купи пансионот.

Спасителот кој дојде на коњ со полна торба пари, беше ни повеќе ни помалку, туку актерот Владо Јовановски кој во втората сезона беше заменет со Игор Џамбазов како Миле Бузалевски.

Епизодата заврши доста мистично и со многу прашалници кај гледачите, кои на Инстаграм страницата на „Преспав“ имаа многу прашања.

„Нема Преспав нема мир“, „Кога 5-та сеозна“, „Сакате да протестираме?“, „Не може вака да заврши, сите сме збунети“, „Ве молам кажате дека ќе има 5-та сезона“ – се само мал дел од лавината коментари кои ги напишаа фановите.

Одговорните на Инстаграм профилот не останаа должни, па во продолжение осамна и одговор кој гласи:

„Олабавете другари, сите сакаме да има петта и пееста сезона“, гласи коментарот од „Пансион Преспав“.

Дека публиката е гладна за уште сезони и епизоди, е повеќе од јасно, а покрај ваквата популарност, логично е таа петта сезона навистина да се случи, ако не и повеќе. Но, затоа потоа…

За потсетување, првата сеозна на „Преспав“ започна да се прикажува во месец октомври 2016 година, а со продуцирање на новите 20 епизоди од четвртата сезона, „Преспав“ ќе одбелеа јубилеј – 100 епизоди од најуспешната ТВ серија во македонскиот медиумски простор.

Коментари

Популарно