Зоран Заев и понатаму останува да живее во Скопје

Лидерот на СДСМ Зоран Заев иако повеќе не е премиер на Македонија и понатаму останува да живее во Скопје. Како што објави „Плусинфо“, претседателот на СДСМ ја напуштил премиерската вила на Водно кога ја поднел оставката на 3 јануари, но изнајмил стан во главниот град.

Тој во текот на целокупниот мандат како шеф на Владата го мина на Водноод летото 2017 година. Во Скопје ќе претстојува и натаму за време на работната недела, додека викендите вообичаено ќе ги минува во Струмица.

Заев во моментов нема државна функција, но се очекува да ја диригира предизборната кампања до 12 април.

Бев во целиот свет, но само дома си е дома, најубаво е во Струмица, со овие зборови премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, го започна своето обраќање во преполната сала во Струмица, на граѓанската трибина „На прав пат“ пред извесесен период

Секогаш од овде ја црпам енергијата, од мојот град, од моите сограѓани. Вие сите ми ја давате позитивната енергија. Памети Струмица како сакаа духот да ни го уништат за време на режимот, но секогаш наоѓавме начин да изнедриме нова сила. Оваа полна сала вечерва испраќа силна порака, Струмица била, Струмица е и Струмица ќе продолжи по прав пат. Ја охрабруваме целата дежава да продолжи по прав пат, рече Заев во обраќањето.

Коментари

Популарно