Видео:Овој папагал е цар

Папагалот Хуго од Сплит има повеќе од 10.000 следбеници на социјалните мрежи. Неговиот сопственик вели дека тој чека сите во куќата да заспијат, а потоа почнува да имитира ѕвонење на телефон, па ги буди.

Хуго  е од расата сив африкански папагал има четири години, знае повеќе од 2.000 зборови со кои формира реченица. На гостите често им открива какви лекови му користат домаќините, од сите бара храна, особено кикиритки и потоа кажува кој и колку спие.

Тој во исто време е и хулиган и галениче, тврдоглав и послушен. Многу е друштвен и не се плаши од никого, освен од едно еднооко плишено зајаче, кое, наместо некогашните милиња, лежи над телевизорот. Всушност, овој зајак е единствената гаранција дека телевизорот ќе остане неоштетен.

„Мојот пријател го доби, но не можеше да го чува во тој период, па јас го купив од него. Тогаш имаше девет месеци. Хуго најмногу се дружи со мајка ми Мара. Таа му е се’, тој се угледува на неа, ја „гњави“ и постојано го имитира нејзиниот глас и ги повторува нејзините реченици. Секогаш знае кога таа зборува на телефон, кога оди да пие кафе кај соседите или во продавница. Знае и кога ја боли главата, тогаш станува потивок но и понатаму шепоти дека ‘Мара ја боли главата‘“, кажува неговиот сопственик Андрија Гудељ, професионален војник кој решил зборливите епизоди на својот папагал да ги објавува на Јутјуб.

Некои од следбениците на Хуго му праќаат и подароци.

„Студени, студено!Ќе го запалиме ли огнот?“, прашува Хуго наутро.

Кога кива вика „Мисусово“ (во името исусово), а самиот себе се вика „пиле мое“, бидејќи така го вика Мара.

Секогаш кога ѕвони телефонот, прашува дали е тоа Андрија. Хуго е многу приврзан за него и од толку силна љубов понекогаш му ја уништува облеката, посебно онаа со патенти.

Андрија вели дека сите африкански папагали имаат свој специфичен карактер, а новинарите прашаа каков е Хуго.

„Тој е смешен. Чека сите да заспијат а потоа имитира ѕвоење на телефон, па кога некој ќе стане тој „умира“ од смеа. Многу сака да расклопува работи, далечински управувачи со копчиња, дрвени играчки кои не се евтини. Клунот му е многу силен и може без проблеми да скрши бадем“, вели Андрија.

На Хуго, како што кажува Андрија, не му треба животен сопатник, но му одговараат краткорочни авантури.

„Многу е баран а многу луѓе и изнајмуваат апартмани во нашата куќа само за да го запознаат. Ако ве „малтретира“ или не ве сака, единствен спас е да го ставите едноокиот зајак на рамо“, смеејќи се кажува Андрија, кој на својот миленик наскоро ќе му отвори инстраграм профил.

Коментари

Популарно